Еден убиен во кумановско Диво насеље

Веби Максути е жртва на вчерашната престрелка во кумановско Диво насеље.

Тој беше пренесен во Клиничкиот центар во Скопје откако се здобил со рана од огнено оружје, но синоќа им подлегнал на повредите.

На вооружениот инцидент на улицата Тоде Ментол кој избил синоќа околу 19 часот му претходела вербална расправија меѓу членови на семејствата Латифи и Максути, која потоа  ескалирала во вооружен инцидент.

SHARE

Оставете Коментар