Еди Рама: Секој Албанец да гласа за европска Македонија

Албанскиот премиер Еди Рама ги повика Албанците кои живеат во Македонија да го поддржат референдумот со што, како што рече, ќе се отвори патот за членство на земјата во НАТО и во Европската унија.

„Недела е ден кога секој Албанец треба да гласа за европска Македонија, Македонија на една идна генерација на Македонци и Албанци како два народи, кои ја основаа оваа земја и претставуваат различни страни од иста монета”, повикал Еди Рама на прес-конференцијата по состанокот на владата синоќa, пренесува „Top Chanel“.

Албанскиот премиер предупреди дека оние кои нема да го поддржат договорот, ќе ја предадат својата татковина.

Тој и денес преку ФБ, го повтори апелот

 

Оставете Коментар