„Нашата држава не се бори ниту со ковчези ниту со провокатори на погреб.  Оној што дошол да провоцира, влегол, (..) развеал знаме и заминал“, одговорил албанскиот премиер Еди Рама на наводното барање на граѓанин кој побарал заштита од провокациите на вчерашниот погреб на етничкиот Грк, Константинс Кацифас, во селото Буларат на југот на Албанија.

Стотици луѓе од Грција, но претежно од југот на Албанија (според Грција Северен Епир) каде живее грчко малцинство, присуствуваа вчера на погребот каде беа извикувани анти-албански пароли па дури и оние познатите во стилот „Македонија е грчка“…

„Не грижете се, Албанија не е засрамена од некои бескорисни луѓе кои живеат како хиени и плачат како врани“, изјавил албанскиот премиер кој за Кацифас, кој загина во престрелка со албанската полиција на 28 октомври, на Фејсбук рече дека е луд, пренесува „То Вима“.

„Патриотизмот не значи да го мразиш другиот и неговиот јазик, туку да ја сакаш твојата земја и твојот јазик“, одговорил Рама кој упати апел до сограѓаните :

„ Но, не го користите терминот ‘Греку’, бидејќи е исто толку одвратен како кога другата страна го користи зборот ‘шиптари’““.

За грчкото малцинство во Албанија и во селото Буларат од каде потекнувал Кацифас, Рама рече дека тие се граѓани на Албанија.

„Не грижете се, Албанија не е засрамена од некои бескорисни кои живеат како хиени и плачат како врани. (Тоа се) сиромашни луѓе кои ги презираат мртвите кои наводно ги почитуваат, а го понижуваат достоинството на знамето на нацијата (грчката –н.з.), што ѝ даде многу на човештвото, народ кој не беше и никогаш не може да ни биде непријател, земја во која Албанците нашле засолниште, исто како што и Грците (начле) засолниште за нас.

Нивната земја, како и секоја друга земја, има несреќа да има свои свињи и магариња“, искоментирал Рама, пренесува „То Вима“.

SHARE

Оставете Коментар