Еди Рама станува препознатлив – по своите патики!

Албанскиот премиер кој е познат по „лефтерниот“ стил на облекување пријатно ги изненади и учесниците Самитот на државите од Западен Балкан во Лондон, таканаречениот Берлинскиот процес.

На средбата на која учествуваат премиерите на Македонија, Србија, Црна Гора, Австрија, Франција, Германија, премиерот на Албанија, Еди Рама, се појави во – патики.

Се разбира комбинирани со сериозно тегет одело и вратоврска во иста боја.

И ова не е новина.

На неодамнешната средба со црногорскиот колега Душко Марковиќ, поранешниот кошаркар Рама, се појавил со црно-бели патики во „комбинација“ со тегет костум надополнет со шарена кравата со ознака на кодот на земјата „Ал“.