Единствениот човек кој знае што се договориле Трамп и Путин

Марина Грос е единствениот човек на светот кој знае за што разговарале и што се договориле претседателите на САД и Русија на средбата во Хелсинки

Таа стана важна во американската јавност откако противниците на Трамп го обвинија претседателот дека направил лоши договори со Путин.

Во понеделникот Трамп и Путин разговараа повеќе од два часа, а единствен присутен на тие разговори беше токму оваа госпоѓа.

Грос со години е преведувач на американските претседатели за руски јазик.

Како преведувач таа го придружувала екс државниот секретар Рекс Тилерсон во 2017 година во Москва.

Дел од американската јавност веќе почна да ја прозива барајќи да каже што се разговарало на средбата, но таа не смее никогаш да открие што разговарааат американските лидери со своите руски колеги.