Една фотографија – 100 години затвор (ФОТО)

Позната изрека “Една фотографија илјада зборови” во актуелниот македонски момент добива нова форма: “Една фотографија стотина години затвор”.

Фотографијава од вчерашната седница на Собранието на која беше донесена одлука за менување на уставот и за ново име на државата најдобро покажува зошто се случи тоа што се случи.

Изразот на лицето на екс министерката за култура Бети Канчевска Милевска најдобро ја објаснува целата ситуација во која влогот беше долгогодишна робија или срам за генерации.

Пет од осумте пратеници на опозицијата (Или нивни блиски риднини) кои гласаа за промена на уставот се соочуваат со затворски казни од стотина години ако не бидат амнестирани откако гласаа за новото име Северна Македонија.

Ако се пресметаат сите останати пратеници (и нивни соработници) кои гласаа против уставни промени кои ги гони СЈО и ОЈО вкупната бројка на затвор може да достигне 1000 години.

SHARE

Оставете Коментар