ЕФА: Македонците да не станат народ без држава во Европа

Во Декларација бр. 7 од април 2018 година, Европската слободна алијанса (EFA) уште еднаш потсетува на дискриминаторската политика на Грција и Бугарија кон македонското малцинство на нивна територија и за кршењето на човековите права и покрај укажувањата па и судските пресуди кои бараат унапредување и конечно регулирање на овие прашања.

Алијансата, чии членки се партијата „Виножито“ од Грција и ОМО „Илинден“ – Пирин од Бугарија, предупредува дека политикиte за негирање на постоењето на македонска нација би ги трансформирал Македонците во народ без држава во Европа.

Имајќи го предвид дека:

– Македонските малцинства што живеат како домородно население во Грција и Бугарија и понатаму се соочуваат со дискриминација, па дури и со негација на нивното постоење од страна на двете земји.

– Дека 10 години откако Бугарија стана членка на ЕУ, статусот на македонското малцинство не се подобри и дека е срамно е што земјата што дејствува како претседавач со ЕУ во моментов врши дискриминација на малцинствата на нејзината територија.

Дека Европскиот суд за човекови права донесе многу пресуди против овие две земји, но без успех, а пресудите редовно се игнорираат и не се спроведуваат.

Дека неактивноста на ЕУ ја охрабри политиката на Бугарија и Грција да го негираат постоењето на македонското малцинство на меѓународно ниво и да ја злоупотребат својата позиција како членки на ЕУ за да го блокираат напредокот на земјата кандидат, барајќи од Република Македонија да се откаже од својата уставна заштита на македонското малцинство, па дури и ги негираат темелите на македонскиот национален идентитет како име, историја и јазик.

Дека евентуалниот успех на таквите политики за негирање на постоењето на македонска нација би ги трансформирал Македонците во народ без држава во Европа.

Дека заштитата на правата на малцинствата не е и не може да биде внатрешен проблем на земјите-членки на ЕУ, но мора да биде предмет на заштита од страна на ЕУ.

Дека односите меѓу нациите и државите треба да се градат врз рамноправност, демократски основи и меѓусебно почитување.

Дека ЕУ мора да преземе активна и принципиелна улога во правилното решавање на вековните конфликти, како и да обезбеди спроведување на владеењето на правото.

Европската слободна алијанса ја осудува политика на дискриминација на македонските малцинства и негирање на македонскиот идентитет во Бугарија и Грција, членки на ЕУ.

Ја осудува злоупотребата на статусот на земја членка од страна на Грција и Бугарија во постигнувањето на недемократски причини против припадниците на македонските малцинства на нивната земја и уцената на земјата-кандидатка.

Го осудува недостатокот на интерес од страна на ЕУ за решавање на горенаведените проблеми.

Ги повикува Грција и Бугарија да ги променат своите политики во врска со овие прашања во согласност со високите демократски вредности на ЕУ, кои вклучуваат: крај на политиката на негирање на постоењето на македонските и на другите малцинства на нивната територија и да им се даде на овие малцинства целосно право на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства.

Алијансата бара да се ​​нагласи дека Бугарија и Грција мора да ја потпишат Европската повелба за регионални или малцински јазици и да ја спроведат за македонските и другите малцинства и да го поддржат македонскиот јазик и ги повикува телата на ЕУ за поактивно ангажирање во решавањето на овие прашања.

На крајот од Декларацијата се бара Европската комисија да започне истрага за состојбата на македонските малцинства во Бугарија и Грција  и повикува и ќе поддржи создавање на потребните европски закони, институции и тела за заштита на малцинствата.

SHARE