ЕК: Екстрадицијата е надлежност на земјите членки

Европската Комисија одби да го коментира барањето на Македонија за екстрадицијата на експремиерот Никола Груевски од Унгаруија.

„Одлуките за екстрадиција се надлежност на властите на земјите членки, ова значи дека кога барање за екстрадиција се испраќа до земја членка, тоа е индивидуален случај кој се третира од страна на назначената надлежна власт.

Европската Комисија нема никаква надлежност да интервенира и затоа нема да ги коментира овие случаи“, изјави за МИА Кристијан Виганд, портпарол на Европската Комисија.

SHARE

Оставете Коментар