ЕК: Македонија да започне преговори за членство во ЕУ

За прв пат Македонија утре ќе добие безусловна препорака за започнување преговори со Европската унија.

Како што јавува дописничката на МИА од Брисел, ЕК пишува дека Македонија во голем дел ја надмина длабоката политичка криза. Потребните структурни реформи се бавен процес за што ќе бидат потребни години и штетата направена во последните години нема да биде поправена преку ноќ.

„Со оглед на напредокот, Европската комисија препорачува почеток на преговори со поранешната југословенска Република Македонија. ЕК очекува дека ќе бидат задржани и продлабочени сегашните реформи. За да се поддржи овој курс, ЕК предлага отпочнување на претпристапни преговори во областа на судството, фундаменталните права, слобода и безбедност на земјата“ се вели во извештајот што утре треба да биде претставен и се однесува на Република Македонија.

SHARE