ВНИМАНИЕ: Во Аеродром вечерва нема кислород туку отров во воздухот (ВИДЕО)

Еко патролата на Skopje Smog Alarm вечерва утврди катастрофално ниво на загадување на воздухот во скопската општина Аеродром.

Откако властите долго време не ги поправаат мерните единици во овој дел од Скопје Еко патролата изврши мерење на аерозагадувањето со рачен мерач PICO кај нефункционалната мерна станица во Аеродром.

“Ако не можат надлежните, ќе мериме сами!”, велат од Skopje Smog Alarm чии активисти утврдија 20 пати поголемо од дозволеното загадување со ПМ10 честици и 10 пати поголемо загадување со ПМ2,5.

„Нефункционалните мерни станици за загадување со ПМ10 честички во Лисиче и Гази Баба ја оневозможуваат Влада на Република Македонија да ги активира интервентните мерки против аерозагадувањето”, изјавија предходно од Skopje Smog Alarm за состојбата со загадувањето во овие две населби од главниот град.

Колкава е концентрацијата на отрови во воздухот од видеото

SHARE

Оставете Коментар