Економскиот раст по надолна линија

Народна банка предвидува дека економијата расте побавно од очекувањата и ја ревидираше надолу проекцијата за раст годинава од 3.2 на 2.3 проценти.

Причина, слабите резултати во првото полугодие од годината и немањето инвестиции.

„ Во третиот квартал годинава кај државните капитални инвестиции се уште има пад, но е значително понизок од падот во вториот квартал, ако го гледаме вкупниот индикатор на вкупно извршени градежни работи не се расположливи целосни податоци за целиот квартал и имаме расположливи податоци за само два месеци кои упатуваат на натамошен пад во споредба со вториот квартал кога имаше благ раст на извршените градежни работи“,оценува гувернерката Ангеловска Бежоска, како што пренесе Алфа ТВ.

SHARE

Оставете Коментар