Екс потпретседател на СДСМ му дава право на Заев да бира мир пред правда

DIGITAL CAMERA

Екс потпретседателот на СДСМ во последниот мандат на Црвенковски како лидер на партијата,
Гордан Георгиев, му дава право на премиерот Заев да бира меѓу мирот и правдата и да ја жртвува правдината за да ја спаси земјата од конфликт.

Во пост на фејсбук за кој забранува да биде преземен од печатените медиуми и порталите а кој може да се прочита во најновото издание на магазинот ,,Економија и Бизнис” Георгиев го прогласува Заев за главен прагматик и врвен носител на политичките процеси поради што според него имал право да направи таков избор кој што можеби еден ден ќе се исплател.

Expres.mk ја почитува забраната на Георгиев да не се пренесе неговиот целосен став за изборот на премиерот меѓу мирот и правдата и воедно го потсетува дека според македонскиот устав е забранета цензура во било која форма.

Неговата забрана за преземање е особено тажна затоа што се работи за јавен интерес и став на политичар и припадник на академската заедница искажан пред стотици луѓе на социјалните мрежи.

А како ставот на Георгиев што е забранет да биде пренесен го искоментираа на социјалните мрежи:

– Да не беше трагично ќе беше смешно! Какви небулози да не ти се верува. Значи “прагматиков” НЕОВЛАСТЕН ОД НИКОГО и СПРОТИВНО на сите домашни и меѓународни норми решил да си тера камиказа политика и да “наоѓа реценија” апсолутно спротивни на предизборните ветувања и програмат, т.е. апла го прелажале својот електорат, па сега како резултат на тие камиказа политики, као ај ќе бираме помеѓу правда и мир, па ај ќе плашиме народ (по кој знае кој пат!) со бууу баба рога (онаа де истата што денеска од Тетово урлаше “уби каура”, македонско девојче курва каурска” и “УЧК”, па по кој знае кој пат од нас се очекува да се откажеме од дел од себе во име на “мир, стабилност, просперитет и евроатлантски интеграции”, пошто нели “еден избор имаме”… Замисли ако и нашите славни претци се воделе по оваа логика… Значи СТРАШНО! Или замисли, истово ова што црпнатиов “прагматик” Че Гевара wannabe го прави, да го правеше бившион “диктатор”? Исто вака ли ќе размислувавте? Ај замислете си, се’ исто, само со сменети улоги на актерите…Баш ме интересира каков нов надимак ќе му измислевте на диктаторот 🤔

– Вековен проблем на СДС е што само во најблискиот круг на партијата, се убедени дека ете нешто добро прават и дека се ставени на овој свет они да одлучуваат Мир или Правда и самобендисани си носат одлуки. Друже, Мир без Правда не оди, и што побрзо му објасните на самобендисаното раководство ваше тоа подобро ќе биде за сите. Не се ставени да мислат по пократок пат туку само да почнат да го исполнуваат тоа што го ветија, и ништо друго не мора, значи Само Тоа Што Го Ветија. Би требало да е лесно ако се сака, се друго е неприфатливо.

SHARE

Оставете Коментар