Бивш советник на Алаѓозовски во реклама за МВР (ВИДЕО)

Loading...

Советник на ексминистерот за култура Роберт Алаѓозовски во промотивен материјал на Министерството за внатрешни работи чита информации за активностите на полицијата.

Петрит Сарачини, кој беше главен советник на Алаѓозовски, сега со својот глас и специфично читање ни открива дека МВР за една година ја вратила довербата меѓу граѓаните.

Сарачини, кој како музичар е познат под псевдонимот Амон Мра, во спотот кој трае над 5 минути открива дека полицијата потрошила над 2 милиони евра за дел од своите активности.

Сарачини пред една недела на „Фејсбук“ напиша дека со заминувањето на министерот Алаѓозовски прекинува и неговиот ангажман.