Поранешниот амбасадор на некогашна СР Југославија во Белорусија, Среќко Ѓукиќ, во врска со референдумот во Македонија смета дека сè е решено и оти на Русија тоа ѝ е јасно.

Според него, Москва прилично јасно се изјаснила околу претстојниот плебисцит за името на македонската држава и за целиот пакет уставни измени поврзани со тоа, но наводите од западните политичари за нејзино мешање во Македонија ги оценува како „далеку од тоа да се блиску до вистината“.

Оттаму, за Ѓукиќ е „чесна, коректна и храбра“ изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека Русија не се меша во референдумот во Македонија, „имајќи предвид колку Македонија е опседната со политичарите од Западот, кои не престануваат да праќаат пораки на избирачите како да гласаат“.

„Под сето тоа се обидува да се протури тезата дека Русија се меша. Мислам дека тука веројатно станува збор за некои космички, невидливи сили, со кои Русија располага некаде од вселената, да влијае на македонските избирачи повеќе отколку што на тоа непосредно влијаат западните политичари. Всушност, западните политичари не се уверени во силата и во важноста на своите зборови штом се обидуваат да ѝ го припишуваат и да ѝ го допишуваат на Русија она што таа навистина, објективно не го прави“, вели Ѓукиќ за „Спутник“.

 

SHARE

Comments are closed.