ЕКСКЛУЗИВНО: Нов „нон пејпер“ – Пет членки на ЕУ против датум за Македонија во јуни

Дипломатски извори за expres.mk брифираат дека пет земји членки на Европска унија се противат на одлука на Европски совет за датум за преговори за членство на Македонија на самитот што треба да се одржи на 27 јуни.

Таканаречениот „нон пејпер“ е подготвен од Франција и од Холандија, а Луксембург и Португалија ќе се однесуваат согласно заклучоците на оваа позиција, која што, според неофицијални информации, ја поддржува и Белгија.

Тивка поддршка за „нон пејперот“ има и од Германија, која, сепак, решила јавно да се воздржи од позиционирање во однос на Македонија и на Албанија, поради тоа што владата на Ангела Меркел е носител на Берлинскиот процес.

Причините за ваквиот однос кон Македонија и Албанија не се само поради слабото ниво на реформи во двете земји, туку и геостратешки.

Франција, како лидер на групата земји кои сакаат да ја блокираат Македонија, инсистира прво ЕУ да ја расчисти својата позиција во однос на САД и на Русија, а дури потоа да се занимава со Западен Балкан.

Со овој „нон пејпер“, кој доаѓа еден месец по првиот за кој поддршка дадоа само две земји, извесно е дека, дури и да биде решено името, Македонија не може да добие датум за преговори во јуни.

 

Comments are closed.