Ексклузивен документ од свиркачи: Знае ли министерката Царовска се за мигрантите (ФОТО)

Вчера министерката Мила Царовска реагираше до македонската јавност преку својот ФБ профил со барање да не верува во лажните документи кои ги шири опозицијата.

Царовска зборуваше за документ објавен од противници на владата и луѓе блиски на ВМРО-ДПМНЕ кои според неа и владината пропагандна машинерија работат за руски интереси.

Денеска expres.mk објавува нов документ кој е доставен од припадници на МВР блиски на СДСМ кои се разочарани од начинот на кои работат институциите иако предходно помагале да се урне режимот на Груевски.

Според документот во Визбегово нема да се гради центар за бездомници како што тврди Царовска туку центар за прием на мигранти односно странци.

“Свиркачите” во МВР велат дека е сосема можно во центарот да бидат сместени само десетина луѓе и тоа во краток период но дека Царовска и министерот Спасовски мора да бидат транспарентни и да ги кажат сите сценарија.

Едно од нив е Македонија да биде натерана да прими неколку илјади повратници од Германија и други европски земји кои што првично биле регистрирани во Македонија. Најчесто се работи за луѓе кои успеале да ја минат Грција илегално по што биле регистрирани во земјава.

Дури и со ова сценарио Македонија може да се справи лесно затоа што има капацитети во овој дел тврдат “свиркачите”.

Друга можност спиред нив е центарот за мигранти да биде користен за прифат на нови луѓе кои што преку Грција и Турција во иднина ќе тргнат кон Европа а нема да можат да заминат кон Србија, Косово или Албанија.

Во документот што ексклузивно го објавува expres.mk никаде не пишува дека објектот е наменет за бездомници а покажува дека се работо за огромен простор на кој ќе се гради прифатен центар.

Парите според документот кој е потпишан од висок претставник на МВР а се повикува на владина одлука треба да ги даде ЕУ преку ИПА фондовите.

SHARE

Comments are closed.