Експресно усвоени два нацрт-амандмани на Уставот

Со 65 гласа „за“, 18 „против“ и 8 воздржани, Собранието вечерва го усвои и вториот нацрт-амандман на Уставот.

Со вториот нацрт-амандман ХХХIV се предвидува во Преамбулата на Уставот зборовите „одлуките на АСНОМ“ да се заменат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ” и се додава Охридскиот рамковен договор.

Претходно претпладево Собранието со 67 гласа „за“, четири „воздржан“ и 23 „против“ го утврди нацртот на амандманот XXXIII на Уставот на Република Македонија.

Седницата продолжува утре.

SHARE

3 Коментари

  1. Преговорите за името се надвор од сите морални и правни норми и навлегуваат во областа на неотуѓивите права. Изборот на името на државата е строга внатрешна јурисдикција на граѓаните на една држава. Проф Игор Јанев досега во повеке наврати јавно изјави дека при приемот на нашата држава во ОН ни се поставени незаконити, без правна основа, дополнителни два услови за прием и тоа: 1). привремена деноминација на името односно референца за употреба во рамките на ОН и 2) прифаќање преговари со Грција за сопственото име !?

    Значи Република Македонија неоправдано и неправедно е доведена во нерамноправна положба во однос на другите држави како во постапката за прием, така и после приемот. На тој начин во однос на Р. Македонија повреден е принципот на „суверена еднаквост” на државите, содржан во став 1 од член 2 на Повелбата на ОН . Односно при донесувањето на Резолуцијата 817/1993 на Советот за безбедност и резолуцијата 47/225 (1993) на Генералното собрание повредени се членот 4, став 1, како и членот 2, ставови 1 и 7 од Повелбата на Светската организација, од што произлегува дека грчките ставови во врска со името на Македонија не се правно засновани.
    Според принципот на суверена еднаквост на државите (член 2, став 1 на Повелбата) и принципот на неповредивоста на правната личност на државата, (содржан во „Декларацијата за принципите на меѓународното право кои се однесуваат на пријателските односи и соработка меѓу државите, согласно со Повелбата на ОН”) државата има неотуѓиво право на самостоен независен избор на своето име. Наметнатиот и илузорен спор и ,,проблем” од политички е пренесен на правен терен.

    Затоа Република Македонија треба да вопостави нова релација на директни односи со ОН и да ги употребиме сите правни и политички средства за исправање на неправдата која ни е нанесена. Потребно е максимално да го искористиме широкиот спектар на правни и политички средства кои ни стојат на располагање. Професор Игор Јанев јавно ви понуди два основни модалитети на дејствување (политички и правен) со кој се гарантира позитивен исход во наша полза.

    Зошто не го сторите тоа г-дине Димитров? Кому одговара оваа статус кво ситуација?

  2. НИКОЛА ДИМИТРОВ да научи да прави разлика помеѓу региoн и држава

    Димитров вели: ,,Не може Македонија да биде само Грчка, бидејќи не е, и не може Македонија да биде само наша, бидејќи не е, географскиот регион е голем и има три држави”

    1). Република Македонија се однесува на правно и политички дефинирана територија, која е различна од регионот Македонија кој не е меѓународнo правен субејкт.

    2). Република Македонија е име на меѓународнo правен субјект со јасно дефинирани граници.

    3). Во 1992 година Република Македонија аплицирала за членство во ООН како држава со јасно дефинирана територија.

    4). Суверенитетот на Република Македонија се однесува не само на правно дефинирана територија (територијална јурисдикција) туку и на народот односно граѓаните кои живеат на таа територија и се под јурисдикција на државата Република Македонија.

    НИЕ ВЕКЕ ИМАМЕ ПРАВНА ДОДАВКА ПРЕД МАКЕДОНИЈА,ТАА Е РЕПУБЛИКА.

    НАС НЕ НИ ТРЕБААТ ДВЕ ДОДАВКИ ! И “РЕПУБЛИКА” И “СЕВЕРНА”.

    ДОВОЛНА Е САМО “РЕПУБЛИКА”.

    ДОДАВКА ПРЕД МАКЕДОНИЈА Е ГЛУПОСТ ПО СЕБЕ! (Посебно дополнителна).

    Државите, според меѓународното право, немаат ексклузивни права на државните имиња. Избор на државното уставно име е во строгата внатрешна јурисдикција на секоја држава. Секоја држава, според меѓународното право, има полна правна слобода при изборот на своето државно име. Името на држава е неотуѓиво и суверено право.

    Државното име нема никаква правна релација со историјата, бидејки менување државни имиња не влиае врз историјската интерпретацијата, исто како ни врз територијалните права и обврски на своја или другите држави. Ниту една држава нема монопол на толкувањето на историјските движења. Тоа е, мегу друго, јасно и од гледна точка дека секој може произволно да земе кој било период од историјата и да дава своето толкување. Историчарите направееа голема штета за проблемот со името што се обиделе да поврзат историјата со името (тие се категоријално различни сфери).
    Покрај другото ние сме Република Македонија, а Република никгаш не постоела ( за Македонија во древна, па и современата историја (до денес)).
    Со други зборови, историчари од СДСМ и Димитров не разбрале правната припрода на проблемот,
    ниту политичката димензија на процесот на легитимизирање!

Оставете Коментар