Екстремни десничари претепале пратеник на СИРИЗА

Политичките партии го осудија нападот врз пратеникот на СИРИЗА од Месина, Петрос Константинас, во близина на стадион и бар кој го посетувале навивачи на фудбалскиот клуб Каламата.

Пратеникот за новинари изјавил дека бил нападнат од околу 30 лица, очигледно членови на екстремно десничарски групи, кои го тепале.

Константинас бил однесен во болницата во Каламата поради повреди за кои се верува дека не се сериозни а локалната полиција привела пет лица на сослушување во врска со нападот.

Во соопштението од кабинетот на премиерот Алексис Ципрас се вели дека „фашистите“ кои го нападнале Константинас ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата.

„Тоа важи и за физичките извршители, но и за поттикнувачите кои инвестираат во национализам и реторика за поделби со цел да освојат некои гласови од екстремната десница, и кои на крајот треба да сносат одговорност“.

Конзервативната Неа демократија, исто така, го осуди нападот со категорично тврдење дека нема место за такво однесување во демократска држава.

SHARE