Речиси 114.000 работни места ќе бидат изгубени до 2035 година поради промена на производството од мотори со внатрешно согорување кон електрични”, се вели во еден извештајт објавен вчера во Берлин.

Експерти од истражувачкит центар, во рамките на Федералната агенција за вработување (БА),  проценуваат дека загубите за германската економија ќе достигнат до 20 милијарди евра, што е еквивалентно на 0,6 отсто од БДП на Германија.

Повеќе од 800.000 лица во моментов се вработени во германската автомобилска индустрија и кај добавувачите.

Преминот кон производство на електрични возила ќе има привремено позитивно влијание и ќе создаде 16.000 нови работни места.

Долгорочно, експертите очекуваат дека “електрификацијата на производствените линии ќе има негативно влијание врз вработувањето, бидејќи ќе биде потребен помалку квалификуван персонал“.

Главната причина за значителниот пад на работните места е дека производството на електрични мотори е помалку сложено со значително помалку компоненти од дизел или бензински мотори.

Се претпоставува дека до 2035 година процентот на електрични возила на германските патишта ќе изнесува  до 23 проценти.