Елена Ристеска се враќа со „Сили за крај“ на српски (ВИДЕО)

Македонската пејачка Елена Ристеска ќе го освојува музичкиот пазар на Србија со својата најнова песна „Сили за крај“, испеана на српски јазик, придружена со видео.

Текстот на баладата е на црногорската ѕвезда Сергеј Ќетковиќ, а аранжманот и продукцијата на Дарко Димитров.

На српските љубители на забавната музика Ристеска им е позната по настапот за Македонија на „Песна на Евровизија“ во 2006 година, кога со „Нинанајна“ го освои 12. место, кое сè уште е најдобар пласман на Македонија.