Енио Мориконе наполни 90 години

Светски познатиот композитор, автор на музиката за речиси 500 филмови, Енио Мориконе, денеска го прославува 90 роденден и продолжува со турнејата „60 години музика“ која ја започна минатата година.

Мориконе е роден на 10 ноември 1928 година во Рим, како прво од петте деца во семејство на татко кој бил професионален музичар и мајка домаќинка.

Првиот вистински успех го доживеа во соработка со италијанскиот режисер Серџо Леоне, познат по неговите „шпаѓети“ филмови.

Тој ја напишал музијката за антологискиот „Беше еднаш во Америка“ (1984) на Серџо Леоне, „Непобедливите“ на Брајан де Палма, “Нова кино Парадизо# на Џузепе Торнаторе.

Без оглед на тоа што композиторот има десетици најпрестижни награди и шест номинации за „Оскар“, првпат златната статуетка ја доби во 2007 година.

Вториот „Оскар“ го доби во 2016 година  за музиката во филмот „Омразените осумтемина“ на Квентин Тарантино.

Дури 27 албуми со негови композиции станаа „златни“ а 7 „платинести“.