Ердоган бара 450 „ѓуленисти“ од Албанија

Турските власти доставиле 450 барања за екстрадција на турски државјани од Албанија, но Тирана молчешкум ги отфрла овие барања, тврди Лоренс Ванѓели во дебата за влијанието на неоотоманизмот на Реџеп Тајип Ердоган во Албанија.

„Од информациите со кои располагам постојат 450 барања за екстрадција на туски државјани со живеалиште во Албанија, доставени од официјална Анкара која ги смета за следбеници на движењето муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен. Нив Албанија ги отфли молчешкум“ изјави Ванѓели во емисија на државната ТВ.

Како што јави дописникот на МИА, албанскиот истражувач Пиро Миша, кој исто така учествуваше во дебатата, смета дека за прекршителите на законот, Албанија треба да заземе став според законот и меѓународните договори, но дека „не треба да се вмешува во конфликтот меѓу Ердоган и Ѓулен“.

Оставете Коментар