Ердоган: Без Русија во Идлиб ќе има голем масакр

Во пресрет на големата офназива на сириската армија врз Идлиб, последното упориште на исламистите во Сирија, турскиот претседател Тајип Ердоган најави блиска соработка со Русија за да се избегне „сериозен масакр“ и наплив на уште неколку милиони сириски бегалци во Турција.

„Во Идлиб во моментов се наоѓаат околу 3,5 милиони луѓе, а Русија и САД ја префрлаат одговорноста од еден на друг. Кога ќе почнаат проектилите да ги ништат населените места, тие луѓе нема каде да одат, освен кај нас“, предупреди турскиот претседател.

Ердоган додава и дека претстоечката офанзива ја става Русија во позиција на клучен играч во регионот.

Неодамна, турскиот Министер за одбрана Хулуси Акар и шефот на турската разузнавачка агенција (МИТ), во Москва се сретнаа со своите руски колеги за да дискутираат за новиот развој на ситуацијата во Сирија.

Оставете Коментар