ESPN: Кристијано Роналдо е најпопуларен спортист на светот

Американската ТВ куќа ESPN изработила алгоритам во кој биле внесени и пресметани: заработувачката, ангажманите во маркетинг кампањите, влијанието на социјалните мрежи, бројката на следбеници и популарноста според пребарувачот Google, и по сумирањето на резултатите, направила ранг листа на најпопуларните 100 спортисти на планетата во моментов.


Кристијано Роналдо е водечки, со не многу голема разлика пред Леброн Џејмс и Лионел Меси. Роже Федерер е четврти, а голферот Фил Микелсон е петти. Меѓу првите 20, интересно, има и двајца играчи на крикет, а Новак Ѓоковиќ е на позицијата 12. Во првите 100 на оваа ранг листа, доминираат фудбалерите со 38 имиња.

SHARE