По одлуката на Уставниот суд кој се прогласи за ненадлежен, извесно е дека зградата на парцелата кај Мајчин дом ќе се гради и покрај противење на граѓаните.

Но, инвеститорот Фатмир Етеми, во изјава за 1ТВ смирува и вели дека ќе го одржи ветувањето и на таа парцела ќе има многу повеќе зеленило од тоа што го има сега:

 „Ќе подигнеме нов парк со многу зеленило, над 150 високо израснати дрва, ќе обновиме површини на зеленило, и дополнително ќе направиме паркинг простор околу „Мајчин дом“, нормално со координација со тамошните жители…Истовремено изјавувам дека сум спремен да придонесам за еколошки проекти нормално со вклучување на тамошните жители, во иднина да допринесеме за животната средина во Аеродром“, вели Фатмир Етеми, за 1ТВ.

SHARE

Оставете Коментар