Етеми за Макфакс: Аеродром не може да ме обештети, зградата ќе се гради (ВИДЕО)

По двонеделни преговори за трајно стопирање на градбата кај „Мајчин дом“, сопственикот на парцелата, Фатмир Етеми, нема надеж дека Општина Аеродром ќе го обесштети. Тој денес по објaвата дека ги разлутил аеродромци, реши да одговори на прашањата од „Макфакс“, кои трета недела не ги одговараше.

„Општина Аеродром нема пари да ме обесштети. Буџетот е празен, сега се градат пет згради таму, а порано се градеа сто. Ние го полневме буџетот“, вели Етеми.

За да излезе во пресрет на барањата на граѓаните кои не сакаат таму да има зграда, вели дека е подготвен да преговара уште неколку недели во кои ќе ги убеди жителите дека зградата нема да влијае на загадувањето на Аеродром и дека ќе биде украс во oпштината, за потоа да продолжи со градење.

Целата информација на Макфакс.мк на овој линк

SHARE

Оставете Коментар