ЕУ ги предупреди Косово и Албанија да не ја „отвораат“ границата

По изјвата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај дека на Нова година ќе биде отворена границата помеѓу Косово и Албанија како што е тоа меѓу земјите во ЕУ, од Брисел стигна опомена дека Приштина и Тирана се должни целосно да ги почитуват одредбите од Спогодбата за Договорот за стабилизација и асоцијација, што се однесуваат на правилно управување со границите.

„И Косово и Албанија се обврзаа на коректно управување со границите и граничните премини во целосна согласност со барањата кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Очекуваме да се однесуваа согласно со тоа соодветно”, вели портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчиќ во писменото соопштение доставено до Танјуг.

Претходно, директорот на Канцеларијата на КиМ, Марко Ѓуриќ побарал Брисел да се изјасни за најавата на Харадинај за „отворање на границата меѓу Косово и Албанија на Нова Година“ Коцијанчиќ вели дека ЕУ обично „не коментира коментари“, но  истакна дека „во моментот кога претседателите Вучиќ и Тачи продолжуваат да работат во рамките на дијалогот,  неопходно е да се избегнуваат какви било провокативни (или оние што така звучат) изјави или дејства“, пренесува Б92.

Портпаролката на Европската комисија, додаде дека ЕУ работи со сите партнери во Западен Балкан за подобрување на условите за трговија, за прашањето на миграцијата, граничното управување и безбедноста.

SHARE