ЕУ и НАТО бојкотираат, Западен Балкан оди кај Ердоган

Турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган се соочува со тивок бојкот од Европската Унија и НАТО на својата инаугурација како старо – нов претседател на Турција.

На свеченоста во Анкара САД го испраќа вршителот на должност во амбасадата а од европските шефови на држави членки на ЕУ освен Бугарија не доаѓа ниту еден.

Затоа Балканот е тука за својот сосед Ердоган. Покрај бугарскиот претседател Румен Радев во Анкара патуваат Ѓорге Иванов, Александар Вучиќ, Бакир Изетбеговиќ и Хашим Тачи. Покрај нив на инаугурацијата ќе присуствува и рускиот претседател Дмитри Медведев.

Од Европските премиери од членки на ЕУ присутен ќе биде само Виктор Орбан а ќе дојде и албанскиот премиер Еди Рама.

Присутни ќе бидат и двајца екс премиери на земји од ЕУ, Герхард Шредер и Силвио Берлускони.

Европската Унија и САД предходните години имаат повеќе забелешки за начинот на кој Ердоган ја води Турција и за демократските стандарди во земјата.