ЕУ и НАТО да ја употребат хашката пресуда за Македонија, бара бугарски експерт!

Иван Николов, директор на списанието „Бугарија-Македонија“, смета дека прашањето за името на Македонија ќе се реши само со интервенција на Европска унија и на НАТО, кои, според него, поверојатно е да ја заземат страната на Скопје!

„Ако ЕУ и НАТО сакаат да ја придвижат Македонија напред во нејзиниот процес на евроинтеграција, тие треба да ја употребат одлуката на Хашки арбитражен суд од 2011 година и да ја примат Македонија во НАТО уште сега со името Бивша Југословенска Република Македонија за да се реши проблемот“, изјави тој за бугарската телевизија Европа.

Чудно, според него, е тоа што Македонија и Грција веќе имаат потпишано документ поврзан со името.

„Има документ потпишан меѓу Македонија и Грција од 1995 година, Привремена спогодба, според кој Грција нема да приговара за приклучувањето на Македонија во евроатлантските структури со тоа име додека се реши прашањето“, вели експертот.

Николов смета дека Бугарија треба да го промени својот неутрален став за името на Македонија, бидејќи подоцна може да биде ставена пред свршен чин.

„Ние сега можеме да приговориме, како што и приговоривме во еден момент ако се добие некое име што би ја содржело, на пример, Пиринска Македонија“, заклучува Николов.

 

1 Коментар

Comments are closed.