ЕУ и НАТО остануваат стратешки цели на РМ

„Мојот став е непроменет. Стратешка цел на Република Македонија е членство во Европската Унија и во НАТО Алијансата. Ho, ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат“, и повтори и на шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, претседателот на Република Македонија, Ѓорѓи Иванов на средбата во претседателската резиденција на Водно.

„И понатаму ќе ги поддржувам европските и евроатланските интеграции на Република Македонија, кои се од огромно значење за просперитетот на државата, но стратешките цели не смеат да се злоупотребуваат на сметка на националните интереси и интересите на македонскиот народ“, порача шефот на државата по средбата.

На средбата биле разменети мислења и за актуелната политичка состојба во земјава, за процесот на европска интеграција, како и за клучните предизвици со кои се соочува регионот.

1 Коментар

  1. ШТЕТА Е ШТО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НЕ РЕАГИРА ВО ВРСКА СО ПОТПИШВАЊЕТО НЕЛЕГАЛЕН ДОГОВОР ОД ПРЕСПА, А УСТАВНАТА ДОЖНОСТ МУ Е ДА ЗАШТИТИ СУВЕРЕНИТЕТ.
    Претседател треба да:
    1 даде изјава до Генсек дека поради кршење на димашните постапки, закони и Уставот, како поради крешење основните норми од меѓународното право Договорот е Ништовен null and void.
    2. даде изјава со која го информира Генсек, дека ние без оглед на Договорот Продлжуваме членството во ОН под Република Македонија.
    3. даде и бара иницијатива од Генсек за рез. на ГС на ОН со која се бара С. мислење од МСП за легалитет на дополнителните услови при приемот и потоа членството на Македонија во ООН.
    4. бара иницијатива од Генсек за рез. на ОН со која се бара рез. на ГС на ОН за Продлжуваме членството во ОН под Република Македонија.
    5. информира сите 192 држави во ООН дека нашето уставно име е Република Македонија, а дека Договорот е Ништовен. Со барање до овие замји да не го почитуваат Договорот који е Ништовен.

Оставете Коментар