ЕУ се надева дека ќе нема надворешно мешање во референдумот!?

Европска комисија изрази надеж дека нема да има мешање однадвор на претстојниот референдум во Македонија, иако токму високи претставници на членки на Унијата, на САД и на НАТО секојдневно секојдневно агитираат за успех на плебисцитот за името.

„Го споделуваме искуството со нашите партнери и ќе продолжиме да го правиме тоа“, изјави портпаролот на Комисијата, прашан дали европските институции ќе му помогнат на Скопје во обидот да се избегне пропаганда на интернет и во ширењето гласишта.

„Референдумот се спроведува во суверена држава и таа е одговорна за организацијата“, дополни тој.

„ЕУ го поддржува постигнатиот договор со Атина. Референдумот им дава можност на луѓето за да си го остварат демократското право и да ја одредат иднината на својата земја. Тие треба да имаат можност да да го сторат тоа без надворешно мешање“, изјави портпаролот

SHARE

Comments are closed.