Вицепремиерот Красимир Каракачанов, поранешната министерка за правда Екатерина Захариева (сега министер за надворешни работи) и европратеникот Андреј Ковачев (од ГЕРБ партија на Бојко Борисов) се највисоките функционер обвинети за измамата, која им овозможи на илјадници странци да добијат бугарски пасоши за пари , и со нив без визи да патуваат низ ЕУ.

Ова за Еуроактив го изјавила Катја Матева, поранешен директор на Советот за државјанство, тело кое учествуваше во одлучувањето за доделување на бугарско државјанство на странци. Матева беше отпуштена од Захариева во 2016 година, откако одбила да учествува во измамата, вели таа.

Еуроактив ги покани Каракачанов, Захариева и Ковачев да одговорат на обвиненијата против нив, а последните двајца изјавија дека се изненадени од обвинувањата, додека Ковачев негираше каква било одговорност.

„Би сакал категорично и силно да ги отфрлам овие обвинувања и да ги отфрлам инсинуациите“, изјавил Ковачев за Еуроактив  со порака на и-мејл.

Државната агенција за Бугари во странство(ДАБЧ) беше вклучена во скандалот по откритијата дека  издавала лажни сертификати за бугарско потекло, документ врз основа на кој може да се добие бугарско државјанство и да се добијат лични документи.

Скандалот со пасоши за пари може да ја собори владата на Бојко Борисов. Шефот на агенцијата, Петар Харалампиев, беше уапсен по обвинувањата дека е дел од организиран криминал. Харалампиев беше назначен по препорака на ВМРО, партијата на Каракачанов.

Околу 285.000 евра во готовина беа пронајдени во безбеден сеф што му припаѓал на Красимир Томов, главен секретар на оваа институција. Томов е во притвор, заедно со Харалампиев и уште двајца функционери, осомничени дека се дел од организираниот криминал.

Во понеделникот (26-ти ноември) Борисов изненадувачки објави дека ДАБЧ ќе биде затворена. Борисов тврди дека има и други институции, како што е министерството за правда и за внатрешни работи, да ја вршат таа работа.

Но, истиот ден Каракачанов побара наместо Агенција, Бугарите во странство да бидат „покриени“ со министерство.

Владејачката партијата ГЕРБ на Бојко Борисов зависи од коалиција со Обединетите патриоти: партијата „Атака“ на Волен Сидеров, „Националниот фронт за спас на Бугарија“ на Валери Симеонов и ВМРО која е предводена од Красимир Каракачанов.

SHARE

Оставете Коментар