Неделава, Данска донесе закон со кој се забранува носење на бурка и никаб на јавни места. Законот влегува во сила во август и предвидува казни до 135 евра. Во случај на повторна повреда на законот, паричната казна може да се зголеми десетократно.

Забраните,главно се однесуваат на облека која го покрива лицето и најмногу се насочени кон религиозно мотивирана облека, како што се никаб  и бурка.

Бурка е облека што го покрива целото тело, а очите обично се скриени зад нешто како мрежа. Никаб е превез кој не ги прикрива очите пишува „Дојче веле“.

Франција воведе забрана за носење никб и бурка на јавни места уште во 2011 година. За да се избегнат обвинувањата за дискриминација, законски текст не се однесува експлицитно за религиозното забулување туку е формулирано како: Во јавниот простор никој нема право да носи облека која наменски го сокрива лицето“.

Кусо време по Франција, слична забрана беше воведена и во Белгија во 2011 година. Непочитувањето на уредбата повлекува парични казни и дури и казна затвор до 7 дена.

Холандскиот парламент го забрани покривањето на лице во 2016 година. Забраната се однесува само за државните објекти, јавниот превоз, училиштата и болниците. За сторителите се предвидува парична казна од 400 евра.

Бугарија воведе таква забрана во 2016 година. Казните предвидени со бугарскиот закон се доста солени – до 750 евра. Законот, дозволува исклучоци – на пример, доколку е поврзана со одредена професија и при молитва во домовите.

Минатата година, Австрија усвои закон според кој се пропишува на јавни места лицето мора да  биде видливо „од брадата до почетокот на косата“. Прекршителите се казнуваат со парична казна до 150 евра.

Воведувањето на забрана за забулување се дискутира во повеќе европски земји – во Германија, Швајцарија, Естонија, Литванија, Латвија и Норвешка. Во Италија таква дебата нема, бидејќи уште во 1970-тите години беше воведена забрана за носење на секакви облека кои попречуваат идентификација.

Оставете Коментар