Европа остана без Европејци!

Вајмарската Република умре поради недостаток на демократи. Европа денес губи од недостиг на Европјани.

Со новата влада во Рим, евроскептизмот станува официјална политика во една од земјите-основачи на Европската унија, констатира германски „Ди Велт“.

По кризата на еврото, неуспехот при решавање на кризата со бегалците, по Брекзит и по бунтот од страна на Вишеградската четворка, новата анти-европска влада во Рим претставуува шести удар на темелите на ЕУ, пишува весникот, и вели дека тоа „може да биде смртоносно“.

Во Италија, имено Движењето „Пет ѕвезди“ и „Северната лига“  ќе формираат влада. Северна лига  започна да дејствува како партија на отпорот против наводно мрзливите јужноиталианци и корумпирани политички елити, кои живеат од парите заработени на север.

Движењето „Пет ѕвезди“ најави дека ќе бара ревизија на европските договори.

Според проценката на нејзиниот основач, Бепе Грило, најопасниот непријател на Италија е Европската централна банка, а не „Исламска држава“.

Во продолжение весникот потсетува дека „евроскептичните партии или формираат влади или учествуваат во владите во Бугарија, Италија, Грција, Малта, Австрија, Полска, Словачка, Чешка, Унгарија и дека, во повеќето случаи, тие се популистички, проруски, и критични кон капитализмот. „Конвенционалниот став дека овие сили ја претставуваат постарата генерација, минатото, а младите, небаре се залага за европската иднина, беше демантиран во Италија: таму повеќе од половина луѓе на возраст под 45 година изјавија дека би гласале на референдумот за излез на нивната земја од ЕУ“, пишува „Ди велт“.