Европска слободна алијанса загрижена: Преспанскиот договор е опасен

Европска слободна алијанса (ЕФА) изразува „голема загриженост“ од Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција потпишан во неделата во Нивици, а ратификуван вчера во македонското Собрание.

„Фактот дека Република Македонија отсега натаму би можела да има попозитивни изгледи за нормализирање на односите со Грција и посветла иднина во однос на процесот на пристапување на Републиката во ЕУ и во НАТО е многу позитивно оценет од страна на Европска слободна алијанса. Сепак, условите на договорот од Преспа се судираат со почитувањето на Република Македонија како суверена држава, со посебни историја, идентитет и јазик, и покажуваат дека преговорите и конечниот договор не се случиле во духот на почитувањето на страните, ниту пак се на еднаква основа.

Овој договор ја обврзува Република Македонија да почитува неправедни барања, како што се искоренување на историјата на Македонија и спречување на секакво повикување на Македонците што живеат во Грција. Претседателот на ЕФА, Франсоа Алфонси, изјави дека ‘крајот на грчката блокада на Република Македонија за интеграција во НАТО и во ЕУ има цена што би можела да биде премногу висока за да биде прифатлива. ЕФА е многу загрижена за последиците од договорот, посебно од тое што ќе се случи со македонското малцинство во Грција (и во Бугарија). ЕФА стравува дека непостоењето на почит кон македонските малцинства во споменатите земји-членки дополнително ќе се влоши. Овој договор го поткопува македонскиот идентитет во целина и, особено, го води македонското малцинство во соседните земји кон искоренување’.

Грција (и Бугарија) никогаш не го признаа постоењето на какво било македонско малцинство на нивните територии. Сега, по овој договор, ситуацијата на македонските малцинства во соседните земји значително ќе се влоши. Лорена Лопез де Лакаље, потпретседателка на Европска филмска академија, која го посети македонското малцинство во Бугарија претходно година, нагласува дека ‘ако македонската историја треба да биде толкувана и напишана од, ако македонскиот идентитет треба да биде определен од Грција, македонското малцинство во Грција и во Бугарија ќе има уште помала можност да го искажат својот став и да го бранат својот случај. Република Македонија ќе треба да го понесе својот дел од одговорностса за неправдите што произлегуваат од Преспанскиот договор. Крајот на блокирањето на пристапот во ЕУ и во НАТО никогаш не треба да го поткопа правото на нацијата за сопствено постоење’“, стои во реакцијата.

ЕФА е коалиција на европски регионални политички партии, меѓу кои и на „Виножито“, околу која гравитира македонското малцинство во Грција. Политичката група ЕФА-Европска партија на зелените е претставена со седум члена во Европски парламент.

 

SHARE

Comments are closed.