Европски премиер со поддршка на обидот за блокада на името

Loading...

Српската телевизија Б92 која има грчки газди денеска пренесува вест според која унгарскиот премиер Орбан поддржува блокада на процесот на преговори и решение за името.

Веста е преземена од агенцијата Бета која пак цитира текст на бриселскиот портал Eroactiv.

Во анализата се вели дека унгарскиот премиер Виктор Орбан ги поддржува напорите на македонската опозиција да го блокира решението на спорот за името со Грција.

Орбан во саботата испрати видео порака на протестот на опозицијата во Скопје поздравувајќи го одбивањето “да клекне пред притисокот на странските сили”, пишува Б92 каде додаваат дека против промена на името и против компромис со Грција е и претседателот Иванов.

Според извештајот Орбан е редок исклучок меѓу ЕУ лидерите кој не дава поддршка за напорите на Заев и Ципрас за решавање на 25 годишниот спор за името.