Expres.mk сторија: На владината кампања возвраќаат твитер – ентузијасти

Loading...

Додека македонската опозиција молчи и се уште размислува како да одговори на кампањата за референдумот на владата предводена од премиерот, на социјалните мрежи е активна група ентузијасти најголем дел активни на Твитер, кои се спротивставуваат на идејата за промена на името.

Интересно е што голем дел од нив беа активни учесници на шарената револуција и јавно се бореа за уривање на режимот на Груевски.

На Пи – Ар и ИТ професионалците ангажирани од владата кои промовираат да се гласа “За” на референдумот, со методи на герила маркетинг се спротивставуваат десетина аматери во бизнисот со кампањи.

Комуникацијата меѓу нив засега поради страв од упади на хакери под контрола на службите за безбедност се води преку апликации кои се сметаат за посигурни како телеграм, сигнал и whatApp.

Иако без техничка и финансиска поддршка и речиси никаква сериозна координација овие аматери произведуваат пораки кои имаат сериозен ефект во оваа фаза од кампањата.

Јавниот канал на овој линк