„Фашистичка Бугарија“ влезе во македонскиот устав, Софија вознемирена

Причината поради која бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов е гневен на владата на Заев е влезот на историската синтагма „Фашистичка Бугарија“ во македонскиот устав само една година откако Софија и Скопје се договорија таа да биде избришана од сите јавни македонски документи и Бугарија да не биде поврзувана со фашизмот.

Конкретно Каракачанов е лут на делот од Прогласот на АСНОМ кој е стане дел од Уставот а во кој се зборува за „Бугарски фашиски војски“ како што тогаш се користел зборот фашистички.
За официјалната Бугарска историографија, источнниот сосед никогаш, ниту од 1941 до 1944 не бил окупатор на Македонија туку ослободител на загубени териториии.

Влезот на „Прогласот од АСНОМ“ во кој се зборува за фашистичка Бугарија е директна навреда за историјата, за Бугарија и значи поблекување на Скопје од Договорот за пријателство, вели за expres.mk бугарски научник близок на дел од партиите кои ја составуваат владата во Софија.

Тој вели дека доколку ова прашање стане тема во бугарската јавност може да предизвика сериозни турбуленции во Владата во Софија. Една од опциите е Борисов да реагира кај својот македонски колега Заев да го повлече прогласот од АСНОМ од уставните амандмани, што е малку веројатно затоа што Софија ќе направи се да го испочитува барањето од ЕУ и НАТО да не го урива Преспанскиот договор како важен регионален проект.

Второто сценарио е почеток на турбуленции во бугарската влада каде што Каракачанов се соочува со сериозни обвинувања на корупција при издавање на пасоши за Бугарите во странство.

Доколку се потврдат наодите дека Каракачанов заработувал од издавање на бугарски пасоши тој, прво ќе започне националистичка кампања за македонскиот устав со цел да се прикаже како патриот и да ја дефокусира јавноста од скандалот со пасошите.

Во тој правец можно е Каракачанов да побара ревизија на Договорот за пријателство и да се закани со излегување од владата ако Борисов не реагира каj Заев за вадење на “Фашистичка Бугарија” од македонскиот устав, велат изворите на expres.mk.

Дополнителен проблем за Каракачанов и Борисов кој засега ја спушта топката и не сака од оваа тема да прави конфликт со Заев се извадоци од службениот весник на Македонија од септември 1944 година во кој се зборува за бугарскиот фашизам а кои на социјалните мрежи во Бугарија се користат како да се дел од прогласот на АСНОМ од 2 август.

Во продолжение целиот текст од прогласот од АСНОМ

Иницијалниот текст за тоа како во Софија беше пречекана одлуката во македонскиот устав да биде внесен прогласот од АСНОМ во кој се зборува за бугарскиот фашизам.

Софија бесна на Заев за уставот, Борисов го смирува Каракачанов

SHARE

8 Коментари

  1. Никогаш Македонците немале РЕЗЕРВЕН ИДЕНИТЕТ! Дури и ако се прифати ТЕЗА дека Македонците дошле преку Карпати, сеуште сме постари од Американската нација која е формирана пред 250 години!
    А САД пред дошлаците од Европа, кои биле ? Индијанци!!!
    И сега може ли некоје индијанско племе (Апачи, Коначи..) да побара САД да се вика: „Нова Индијана” или некој од Европа да предложи: ” бивша Британска Колонија”. И како би поминал!! Би завршил во затвор. А да не зборуваме за ООН и членството во ООН!!!
    Никогаш Македонците немале РЕЗЕРВЕН ИДЕНИТЕТ!!!

    • Никогаш Македонците немале РЕЗЕРВЕН ИДЕНТИТЕТ! Точно! А САД пред 300 години беше ИНДИЈАНИЈА!
      Па денес никој не смее и не може да им доведе во прашање АМЕРИКАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ кои се уште е во формирање по Втората Светска Војна.
      Каков ООН и сл.!!

      • Се смета дека дури во 20. век е дефинитивно формиран Американскиот идентитет, а за Македонскиот идентитет и народ има пишани извори насекаде кои зборуваат за Македонци барем од „доселување од Карпатите”. И во најлоша варијанта, најмалку 200 години сме, докажано, постари од САД идентитетот, кои пред 300 г. биле населени со инидијанци.
        Битно: Никогаш Македонците немале РЕЗЕРВЕН ИДЕНТИТЕТ!
        Од кога знаат за себе се Македонци.

        • Така е! Словените се “доселувале на Балкан” од 5.век до крајот на 7. век нова ера, па дури и да прифатиме дека Македонци се Словени, сеуште сме 1000 год. постара нација од САД “нацијата”, која е впрочем цела измешана од европејци, па делум и од црнци, а во поново време и со азијати.

  2. Ова се ефтини спинови и “џилкошки„ селски финти – демек херојот муртински… ПРОГЛАС, АФИШ, НАЈАВА… не значи ништо, освен симболошки ефект – дека НЕШТО се случило и се обзнанува. Го бришеш АСНОМ како ПРВО ЗАКОНОДАВНО И ИЗВРШНО ТЕЛО на Модерна МАКЕДОНИЈА, што е злосторство кон се македонско…

Оставете Коментар