ФАЗ: Ако пропадне референдумот, ќе ќари Русија

Ако на претстојниот референдум Македонците го отфрлаат постигнатиот компромис во спорот за името, влезот во ЕУ и НАТО ќе биде блокиран за подолг период, а тоа е она што го сака Москва и поради што очигледно се меша во Македонија, коментира Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЗ).

“Русија нема да биде особено вознемирена од предупредувањето на американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, да не се меша со Македонија. Бидејќи за Москва залог во оваа земја е многу голем: ако на референдумот на крајот од овој месец тамошните граѓани го отфрлат постигнатиот договор со Грција за името, понатамошно приближување на Македонија со НАТО и ЕУ ќе биде блокирано за подолг период “, пишува ФАЗ во анализата што ја преесуваат бугарски медиуми.

Според весникот, по неуспехот на Москва да ја спречи Црна Гора, евентуално отфрлање на договорот за името на претстојниот референдум во Македонија ќе значи успех за руските планови – да се спречи натамошното проширување на НАТО на Балканот.

SHARE

Comments are closed.