„Фејсбук“ и „Твитер“ бришат корисници поради политички манипулации

Социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ објавија дека отстранија стотици страници и профили поврзани со Русија и со Иран во пресрет на изборите во САД.

„Фејсбук“ отстранил 254 страници и 116 сметки на Instagram кои потекнуваат од Иран и биле дел од кампања за дезинформации која Иран ја насочувала кон земјите низ светот, вклучувајќи ги САД и Велика Британија.

„Отстранивме 652 страници, групи и сметки за координирано неодобрено однесување што потекнува од Иран и насочени кон Блискиот Исток, Латинска Америка, Велика Британија и САД“, вели Натаниел Глејчер, шеф на сајбер-безбедносната политика на „Фејсбук“, пренесува VOA.

Неодамна компанијата блокираше неколку страници со дезинформации со потекло од Русија.

И Твитер објави дека  идентификувал и отстранил 284 акаунти поради „ангажирање во координирана манипулација“, која „се чини дека потекнува од Иран“.

SHARE