Балканскиот сервис на Радио Слободна Европа објави дел од реакциите на корисници на „Фејсбук“ во регионот по македонскиот референдум, од кои мнозинството смета дека тоа што граѓаните не се одзваа на повиците е јасна порака.

Никола Пјевалица: „Заев е сериозно болен човек. Референдумот неуспешен, тој прогласи победа. Ете што мисли народот за ЕУ и за НАТО“.

Милан Лазиќ: „Сега да е демократија во Европа и да кажат: ‘Народот го повика, не ти излезе на гласањето на кое го повика’, и тука е крајот, оставка, готово. Туку, нивни човек си и тогаш сто пати би се гласало само да помине. Роѓо, не си единствениот кого го изманипулирале само за да се спроведе нивниот интерес“.

„Како бе нема поразени – излегле само 38 отсто, значи недостигаат уште 12 отсто. Референдумот пропадна, не можете да кажете дека успеа“.

Дејан Ѓуриќ: „Македонците рекоа ‘не’, бидејќи 65 отсто воопшто не излегоа на референдумот. И тоа е вовед во падот на Заев“.

Помал број имаат поинакво мислење:

Милан Рајак: „Граѓаните, т.е. 35 отсто од нив, рекоа ‘да’, односно 95 отсто од излезените и тука е крајот на приказната. Волјата на народот мора да се почитува“.

Мирко Недељковиќ: „Кој го прашува народот? Кој нè прашува нас што не знаеме ништо?“.

Некои заклучуваат дека станува збор за „поголеми игри“:

Кенан Терзо: „Македонија, како и целиот Балкан, е стратешко подрачје на НАТО и тука Русите не можат воено ниту да примирисаат, така што сето ова е повеќе или помалку натегање, а исходот на крајот ќе биде тој дека Македонија влегува во НАТО“.

Хасан Гурда: „Македонија е Ахилова петица на Балканот, а не Босна…“.

Радмила Неѓо Митровиќ, пак, со следниот коментар: „Кои ленштини. Кај нас во БиХ излегуваат повеќе мртви на изборите отколку тие живи на референдум. Што ти е политичка и патриотска верност“.

 

SHARE