Фелингер: Македонија има многу подобра економска политика од Грција

Гинтер Фелингер, претседател на организацијата Европејци за даночна реформа, која се залага за рамен данок, прави споредба меѓу економските политики во Македонија и во Грција и заклучува дека првата е многу подобра на тој план од втората.

„Македонија има многу подобра економска политика од Грција. Десет проценти рамен данок. Европски Катастар и електронска градежна дозвола – најдобра во Европа. Во ранкингот на ‘Дуинг бизнис’ на СБ. Македонскиот денар е стабилен и врзан за еврото. Недостигаат НАТО и ЕУ“, напиша Фелингер на својот профил на „Твитер“.