Финтата на Црвенковски или Заев знае дека ќе загуби за претседател

Премиерот Зоран Заев денеска тврди дека нема намера да се кандидира за претседател на Република Македонија на следните претседателски избори.

Одговорајќи на новинарски прашања на маргините од регионалниот форум за Истанбулската конвенција, Заев рече дека не би прифатил да се кандидира за претседател и смета дека треба да го истера целиот премиерски мандат, кој му го дале граѓаните.

Заев вели дека има многи подобри претседателски кандидати од него.

“Одговорноста пред граѓаните и моите ставови е дека треба да се истера цел мандат, да се даде шанса на економијата, да се даде шанса на реформите, на целиот овој процес, конечно Македонија заслужува еден цел мандат”, рече Заев кој е најпопуларен политичар и меѓу сите граѓани и парцијално кај Албанскиот електорат.

Во анкетите по потпишувањето на Преспанскиот договор рејтингот на Заев имал над 26 %.

За само 5 месеци тој загубил речиси 20 % подршка и според анкетата на МЦМС објавена минатата недела сега тој има поддршка од 21 %.

Ако овие проценти се прикажат во апсолутни бројки на гласачи согласно регистарот на гласачи и излезноста на избори, Заев во моментов може да смета на околу 450 илјади гласачи, Македонци, Албанци и припадници на малите заедници што може да биде недоволно за победа.

На последните избори претседателот Иванов победи со над 530 илјади гласа.

Во 2004 година тогашниот премиер Бранко Црвенковски по смртта на претседателот Борис Трајковски првично негираше кандидатура за претседател за потоа со образложение дека народот го бара се кандидираше и стана шеф на државата.

Дали Заев сега се обидува да го повтори истото сценарио ќе се знае најдоцна до нова година затоа што изборите за претседател треба да се случат најдоцна до април.

SHARE

2 Коментари

  1. ДО СИТЕ ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! АКО ИМА ЕДЕН КАКО ЕДНА ЈАГУРИДА, ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА И ОСТАНАТИТЕ ЛУЃЕ СЕ ЈАГУРИДА. АКО Е ЕДЕН ЦРПНАТ СО ЦРПАЛКА НАПРАВЕНА ОД ЛЕЈКА, НЕ СЕ ОСТАНАТИТЕ ЦРПНАТИ. ТИЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ КАКО РОДЕНИ И ИЗНЕДРЕНИ ВО НАШАТА ЗЕМЈА И МАЈКА МАКЕДОНИЈА

Оставете Коментар