Фити: Ќе беше подобар договор ако не требаше да се менува Уставот

„Јас мислев дека можеше нешто повеќе да се издејствува, ако успеевме со меѓународен договор да го решиме ова прашање врзано со промена на Уставот, тогаш можеби и ќе отпаднеше потребата од менување на имињата внатре во земјата, бидејќи опозицијата обвинува и тука во основа и има вистина во тоа.

Тоа значи дека на еден или друг начин едно, така да речам, институционално обезличување“, вели академик Таки Фити, претседател на МАНУ во денешното интервју на Радио Слободна Европа.

„Има неколку институции кои го носат атрибутот македонски, како Македонска академија на науки и уметности, Македонска радио телевизија, Македонска опера и балет итн. тоа не се многу. Бидејќи тие го признаваат атрибутот македонски, како македонска култура, традиција, македонско вино… сè е тоа во ред, меѓутоа тоа се малку институции каде што стои тој атрибут(…) вели првиот човек на МАНУ.

„Нашите експерти и оние кои ги консултиравме мислат дека има некоја флексибилност за овие неколку институции можеби треба да се разговара, она што и академик Камбовски го изјави – bona fide, значи со добра волја да видиме дали може тоа да се разреши, да не се менуваат имињата на овие институции“ вели академик Таки Фити.

Таки Фити: МАНУ ќе бара да си остане МАНУ!