Формиран е Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Македонија и Грција, согласно член 8, став 5 од Конечната спогодба меѓу Република Македонија и Република Грција, потпишана на 17 јуни во Нивици, Преспа.

Заедничкиот комитет ќе има задача да го разгледува објективното научно толкување на историските настани засновано на докази и научно издржани историски извори и археолошки наоди.

„Комитетот ќе разгледа и ако утврди, можно е да се прави ревизија на било кои учебници, историски атласи, наставни упатства кои се користат и во Македонија и во Грција.

Предвидено е овој комитет да ги проучи и новите изданија на учебниците“, дознава „Телма“.

Во составот на ЗИКЕ од македонска страна има седум члена, на чело со амбасадорот Виктор Габер.

За формирањето на заедничкиот комитет соопштија и од Министерството за надворешни работи на Грција.

Исто како и од македонска, така и од грчка страна ќе има седум члена, а претседател е заменик-министерот за надворешни работи Маркос Боларис.

 

SHARE

Comments are closed.