Франција да го отстапи на ЕУ местото во СБ на ОН!?

Германскиот министер за финансии Олаф Шолц предложи Франција  да го повлече своето членство во Советот за безбедност на Обединетите нации и да го отстапи на ЕУ сошто Унијата би добила можност „да зборува со еден глас“ на светската сцена.

„Сфаќам дека ќе треба да има некои убедувања во Париз, но тоа е силна и мудра цел“, рече тој во маратонскиот говор во Берлин посветен на иднината на ЕУ.

За да се „ублажи болката“ од губење на позицијата на постојан членка на Советот за безбедност на ОН, Франција би можела да стане постојан амбасадор на ЕУ во ОН”, рече Шолц, кој е, исто така, германскиот заменик-канцелар, пренесе Ал џезира.

Франција е една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН во Светската организација формирана во 1945 година, по завршувањето на Втората светска војна.

Постојани членки на Советот за безбедност на ОН покрај Франција се Велика Британија, Кина, Русија и САД, највлијателните земји во ОН со право на вето на резолуциите на ОН.

Покрај петте постојани членки, Советот за безбедност на ОН има десет непостојани членови, кои се избираат на секои две години.

Германија ќе го започне својот мандат на непостојана членка во Советот за безбедност на ОН во јануари.

Во минатото имаше повици за реформа на Советот за безбедност на ОН:

Поранешниот американски претседател Барак Обама изрази поддршка за напорите на Индија да стане членка на Советот за безбедност на ОН во 2010 година.

Бразил и Јапонија изразија слични амбиции, додека африканските земји повикаа на две постојани места за подобро да претставување на континентот кој беше запоставуванво историјата, објави АФП.