Loading...

Француски бизнисмен се понудил да ги плаќа паричните казни на жените кои носат бурки во Данска откако на 1 август во таа земја е забрането носење на облека која го покрива лицето.

Бизнисменот Рашид Неказ е од алжирско потекло и жесток бранител на правото на слобода. На 11 септември, тој ќе замине во Данска за да ги плати казните за жените кои носат бурка и тоа  планира да го прави секој месец.

Рашид вели дека е против носењето таква облека, но дека сепак ќе ја брани слободата на жените да носат шамија или да изберат да не носат.

46 годишниот бизнисмен досега платил стотици илјади евра за казни изречени на жени во Белгија, Швајцарија, Франција, Холандија и во Германија.

И покрај големите износи, Рашид е категоричен – нема граници за тоа колку ќе плати, бидејќи слободата за него нема цена.

Инаку, првата казна во Данска беше изречена минатата недела на 28 годишна жена во висина од 135 евра, која носела никаб во супермаркет во градот Хорсхолм.

Рашид Некказ, инаку, беше претседателски кандидат во Алжир во 2014 година и е еден од ретките лидери на опозицијата кои уживаа интерес кај младите гласачи.

Оставете Коментар