Француски орден на Шеќеринска, започна ли кампањата за претседател на РМ (ВИДЕО)

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска вчера во резиденцијата на Франција беше одликувана со Орденот „Командант на националниот ред за заслуги на Република Франција“.

– Ова признание и моето пристапување кон ова реномирано семејство покажува дека Република Македонија и Француската држава споделуваат исти вредности, се стремат да ги достигнат истите височини и се раководат од истите принципи. Мојата лична посветеност ќе биде во насока да ги доближиме нашите две земји преку соработка. Франција може да смета на Република Македонија и се надевам дека и ние можеме да сметаме на вашата поддршка за да ги постигнеме нашите стратешки цели, изјави Шекеринска.

Шекеринска беше одликувана од државниот секретар на вооружените сили на Франција, Женевиев Дариесек.

Орденот е воведен во 1963 година од генералот Де Гол и се доделува за истакнати заслуги на воени или цивилни лица.

Шеќеринска се смета за најсериозен кандидат на владеачката коалиција во трката за претседател на Македонија кој ќе се бира догодина во април.

Женевиев Дариесек која е првиот член на Владата на Емануел Макрон што го посети Скопје вчера имаше средба со претседателот Ѓорге Иванов и изјави дека во име на француската Влада носи порака за пријателство и соработка.

SHARE