Фрчко се јави, со напад врз Црвенковски

Дваесет и четири часа откако expres.mk запраша каде е професорот Фрчкоски и зошто го нема во јавноста тој се појави на ТВ 21 и го коментираше и ставот на поранешниот претседател Црвенковски кој во изјава за медиумите рече дека го поддржува референдумот и на 30. септември ќе гласа „ЗА“.

„Добро е што Бранко Црвенковски го поддржал референдумот и се изјаснил дека ќе гласа „ЗА“. Мене не ми се допаѓа тонот на пораката која во себе содржи ароганција и дистанца кон оваа политичка елита од неговата партија бидејќи таа тоа не го заслужува. Бранко Црвенковски во основа никогаш не се бавел со прашањето на спорот за името. Единствено се занимавал со ова прашање на самитот во Букурешт, кога заедно со Груевски се согласија за „Република Македонија (Скопје)“, но тоа не помина“, рече Фрчковски во емисијата Click Plus на 21 ТВ.

Според Фрчкоски Македонија нема да загуби ништо од договорот со Грција.

3 Коментари

Оставете Коментар