Фрчкоски тврди дека се расправал со Силјановска и Каракамишева за името

Во гостување на 1тв професорот Фрчкоски открил дека на правниот факултет често пати водел дебата со името со професорките Гордана Силјановска Давкова и Тања Каракамишева но дека не можел со нив да излезе на крај затоа што како што вели „како да имале некаков ментален блок во главите“.

Тој се прашува дали со професорките расправале за истиот договор и дали можеби има два договори со Грција, еден во еден универзум а друг во друг универзум.

Фрчковски, како што пренесува порталот Мактел.мк кој што досега не е демантиран од професорот за овој текст, изјавил дека со нив нема дебата и дека тие ќе мора да бидат „згазени на референдумот“.

SHARE